Тимот на ДЕТРА

Цветко Смилевски (основач и водечки консултант)

Цветко Смилевски е водечки академски и консулатантски авторитет за организациски промени во РМ.  Покрај воведувањето на предметот Менаџмент на промените за прв пат во студиите на ПДС во РМ, тој е и првиот меѓународно сертификуван консултант за практикување на Адижесовата методологија за организациски промени. Continue reading

Ненад Дафинчевски

СКТИОП консултант кој своето работно искуство го стекнува во ДЕТРА Центар, најпрвин како асистент за логистика и подготовка на обуки и работилници. Паралелно ја изучува СКИТОП методологијата и потоа под менторство на водечкиот консултант на ДЕТРА Центар, проф. д-р Цветко Смилевски, активно се вклучува во консултантско/обучувачкиот процес како негов асистент за денес да биде на ниво на СКИТОП консултант за организациски развој. Continue reading

Горазд Смилевски

СКИТОП консултант со над 20 години практично и теоретско искуство. Низ годините успешно испорачува обуки за меки вештини, а негова најголема специјалност е МБТИ типологијата на личности преку која им помага на индивидуалците да го откријат својот вистински профил на личност и најсоодветните кариерни патеки. Исто така, негово поле на експертиза е тимската работа и групна динамика, помагајќи им на менаџерите да ги разберат односите и појавите што им се случуваат во тимовите и како да се справат со истите. Continue reading

Даниела Карадаков

Д-р Даниела Карадаков е повеќегодишен обучувач и консултант на ДЕТРА Центар во областа на менаџмент на човечки ресурси, личен менаџмент, организациско комуницирање, организациско учење, интерперсонални деловни вештини и сл. Овие области се предмет на интерес, проучување, истражување и развивање и на Бизнис академија Смилевски – БАС, каде работи како виш предавач и директор. Continue reading

Благој Грубор

Благој Грубор има големо практично искуство и солидна теоретска подготовка во областа на менаџментот. Во првите 25 години од својот работен век стекнува менаџерско искуство во две производни организации. Прво како оперативен менаџер на производен процес, а потоа како оперативен менаџер на одржувачки процес. Continue reading

Маја Смилевска

Консултант со над 10 години работно искуство во областа на организациски промени и јакнење на индивидуални и организациски капацитети. Учествува во дизајн на методологија и изработка на алатки за анализа на потреби. Одговорна за следење и контрола на процеси за развој на стратешки фокусирани организации, од развој на тимови, изработка на стратешки документи, акциски планови, планови за мониторинг и евалуација, подобрување на организациска структура. Continue reading

Тони Соклевски

Професор на Бизнис академија Смилевски-БАС и директор на БАС институтот за менаџмент. Високо образование завршува на Техничкиот факултет во Битола и како еден од најдобрите студенти во генерацијата, а потоа продолжува на постдипломски студии, за денес да биде доктор на науки во областа на менаџментот. Continue reading

Гордана Тасевска

Гордана Тасевска е доктор на науки по менаџмент на образование. Целиот свој професионален и кариерен развој го посветува во образовната дејност. Кариерата ја започнува како професор во основно училиште, за во 2007 година да стане дел од тимот на Бизнис акадмија Смилевски-БАС. Continue reading

Иван Ѓорѓиевски

Иван Ѓорѓиевски е предавач на Бизнис академија Смилевски-БАС во областите на оперативен и надзорнички менаџмент, а своето искуство најпрвен го стекнува како одговорен за лабараториските вежби на студентите. Преку реализација на лабараториските вежби целосно се запознава со принципите на андрагогијата и искуственото учење кои потоа му овозможуваат да ги развие своите компетенции за дизајн и имплементација на обуки и работилници. Continue reading

Лидија Стефановска

Доцент во наставната област Стратегиски менаџмент и пет години директор на БАС Институт за менаџмент Битола. Учествува во голем број истражувачки проекти каде дава значаен придонес во научното физиономирање на истите. Има повеќегодишно искуство во дизајн на методолошката рамка, реализација на истражувања во областа на стратешкото управување на организациите Continue reading