Ненад Дафинчевски

СКТИОП консултант кој своето работно искуство го стекнува во ДЕТРА Центар, најпрвин како асистент за логистика и подготовка на обуки и работилници. Паралелно ја изучува СКИТОП методологијата и потоа под менторство на водечкиот консултант на ДЕТРА Центар, проф. д-р Цветко Смилевски, активно се вклучува во консултантско/обучувачкиот процес како негов асистент за денес да биде на ниво на СКИТОП консултант за организациски развој. Од фазите во СКИТОП методологијата најактивно работи на полињата на: организациска дијагноза, визионирање, стратешко планирање и архитектуирање. Покрај ова испорачува обуки во областите на меки вештини, надзорнички менаџмент, обука и развој на вработените.

Активно работи со приватни компании, невладини организации како државни институции. По вокација Ненад Дафинчевски е специјалист по стратегиски менаџмент (МБА програма).