Обуките се значаен елемент во организацискиот развој. Преку обуките се развиваат и подигаат индивидуалните капацитети на вработените кои пак се носители на сите промени во организацијата. Колку покомпетентни вработени има една организација, толку е поспремна да одговори на промените кои се случуваат, без разлика дали се внатре во организацијата или пак надвор во окружувањето.

Покрај специфичните обуки по кои сме уникатни и препознатливи, а можете да ги разгледате во менито Обуки , ДЕТРА Центар испорачува обуки и на темите кои се дадени подолу. Овие обуки можат да се реализираат и како in-house обуки за организации, но и како отворени обуки на кои може да присуствуваат сите заинтересирани лица.

Костумизирани обуки:

  • Презентациски вештини
  • Стрес и справување со стресот според типот на личност
  • Ефективна комуникација
  • Деловна комуникација и кореспонденција
  • Ефективно менторирање
  • Подготовка на обучувачки програми
  • Водство
  • Мотивација
  • Основни менаџерски вештини
  • Проценка на изведбата (Performance management)
  • Проектен менаџмент
  • Подготовка за вработување (CV и интервју за работа)
  • Деловно преговарање
  • Менаџмент на сопственото време (Time management)
  • Личен менаџмент
  • Тим билдинг