Маја Смилевска

Консултант со над 10 години работно искуство во областа на организациски промени и јакнење на индивидуални и организациски капацитети. Учествува во дизајн на методологија и изработка на алатки за анализа на потреби. Одговорна за следење и контрола на процеси за развој на стратешки фокусирани организации, од развој на тимови, изработка на стратешки документи, акциски планови, планови за мониторинг и евалуација, подобрување на организациска структура. Поседува долгогодишно искуство на фасилитатор на групна и тимска работа при креирање на решенија за подобрување на индивидурални и организациски капацитети.

Во текот на своите работни ангажмани успешно соработува со претствници на засегнати страни од граѓански, јавен и приватен сектор. Потесна професионална специјализација во областа на организациска психологија и динамиката групните процесите во организациски системи и групи.