Организациското структуирање е значајна фаза во развојот на секоја организација. Со структуирањето се стандардизираат процесите, а стандардизираните процеси придонесуваат за зголемен квалитет, зголемена ефикасност, зголемена контрола како и јасна поделба на задачите и одговорностите на секој вработен.

Преку услугата за организациско структуирање им помагаме на организациите во дефинирање и воспоставување на организациска стурктура, деловни процеси и опис на работни места. Целта на оваа услуга е преку дефинирање на процесите, да се создаде најдобрата можна организациска структура за функционирање на истите, а потоа според процесите да се направат описи на работни места каде секој вработен точно ќе ги знае своите обврски.

 За кого е наменета оваа услуга:

  1. организации кои немаат дефинирана систематизација и описи на работни места
  2. организации кои имаат потешкотии во испораката на услугите поради голем обем на работа, а нејасна распределба на одговорностите
  3. организации кои се подготвуваат за имплементација на ИСО 9001 систем за квалитет
  4. организации кои планираат проширување на бизнисот преку отворање на нови подружници, продавници и сл.

Директни резултати од  структуирањето

  • дефинирани процеси
  • дефинирана организациска стурктура
  • дефинирани описи на работни места

Пошироки и долгорочни бенефити од структуирањето

  • вклучување на голем број од вработените во дефинирањето на процесите, структурата и описите на работни места
  • преку дефинирањето на процесите се прави ревизија на начинот на работење. Како работиме наспроти како треба да работиме
  • јасното стурктуирање доведува до полесна комуникација, а со тоа и поефикасно работење и максимално искористување на капацитетите