ДЕТРА ЦЕНТАР - Ваш партнер во организацискиот развој

ДЕТРА ЦЕНТАР - Ваш партнер во организацискиот развој

РЕШЕНИЈА ПО МЕРКА

Секое наше предложено решение е укикатно и единствено. Истите ги изработуваме согласно потребите на клиентите

ПАРТНЕРСКИ ПРИСТАП

Во секоја наша активност максимално ја вклучуваме клиент-организацијата и работиме заеднички на решенијата. 

МЕНТОРСКА ПОДДРШКА

Нашата соработка не завршува со испорака на консултантските решенија или обуки. Пружаме менторска поддршка на нашите клиенти во одреден период по завршување на активностите.

 

 

Ние сме една од првите консултантско-обучувачки компании во областа на менаџментот уште од 1991 година. Нашата работа ја темелиме на партиципативноста каде ние како надворешни експерти сме во партнерски однос со нашите клиенти. Секоја активност ја работиме со избран тим од клиент-организацијата кадешто ги водиме членовите на тимот кон изработка и спроведување на решенијата. Нашите консултанти се искусни професионалци со 10+ години искуство како консултанти и предавачи на високообразовни институции.

Услугите на ДЕТРА се генерално поделени во две категории: 1) консултантски услуги наменети за системски подобрувања во организацијата и 2) обуки кои се однесуваат на развој на конкретни вештини кај конкретни вработени кои имаат потреба од тоа. Обуките ги реализираме во мали групи до 18 луѓе со цел максимално внимание и посветеност од обучувачот кон учесниците.

 

Искористете ја контакт-формата и пишете ни за проблемот со кој се соочувате, со цел да можеме да започнеме комуникација и да ви доставиме соодветна понуда за вашиот проблем.

    КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

    Консултантските услуги опфаќаат широк спектар на активности поврзани со организацискиот развој. Истите се фокусираат на системски решенија (промени во структурата и/или процесите). Ние од Детра им помагаме на организациите да развијат капацитети за во иднина сами да се справуваат со организациските проблеми.

    ОБУКИ

    Обуките ги спроведуваме по сопствена интерактивна методологија каде акцентот е ставен на практични и тимски вежби. Работиме во мали групи (15-18 учесници) кадешто обучувачот може подеднакво да им посвети внимание на сите учесници. Областите кои ги покриваме со обуки се: сите нивоа на менаџмент; човечки ресурси; организациско комуницирање; продажни вештини; личен менаџмент, коучинг.

    „Кога дојдов првиот ден се прашував што ли ќе научам, но за среќа научив многу работи“

    „Го делам мислењето дека сето ова ќе вроди со плод. Успеавте да направите сите заедно да соработуваме. Добивме претстава за можните решенија и сме полни со енергија за решавање на проблемите“

    „Сум бил на многу семинари и тука дојдов со доза на резерва, но пријатно сум изненаден од вашиот пристап и методологија. Моите очекувања се да останеме што подолго во топ  форма како компанија“