Цветко Смилевски

Еден од основачите на ДЕТРА ЦЕНТАР и водечки консултант во компанијата.

Цветко Смилевски е водечки академски и консулатантски авторитет за организациски промени во РМ.  Покрај воведувањето на предметот Менаџмент на промените за прв пат во студиите на ПДС во РМ, тој е и првиот меѓународно сертификуван консултант за практикување на Адижесовата методологија за организациски промени. Од 1999 година тој спроведува консултантска практика по организациски промени по својата авторска консултантска методологија именувана како СКИТОП (Синергетско креирање и интегрално трансферирање на организациски промени).

Проф. Цветко Смилевски има екстензивно обучувачко и консултантско искуство во градењето на капацитетите на невладиниот сектор, работејќи во програми и проекти од скоро сите меѓународни донатори во последниве 15 години.

 

Горазд Смилевски

СКИТОП консултант со над 20 години практично и теоретско искуство. Низ годините успешно испорачува обуки за меки вештини, а негова најголема специјалност е МБТИ типологијата на личности преку која им помага на индивидуалците да го откријат својот вистински профил на личност и најсоодветните кариерни патеки. Исто така, негово поле на експертиза е тимската работа и групна динамика, помагајќи им на менаџерите да ги разберат односите и појавите што им се случуваат во тимовите и како да се справат со истите. Од аспект на СКИТОП методологијата, ги реализира сите фази со особен фокус на процесот на создавање организациска култура.

Покрај ова, Горазд е основач на Бизнис академија Смилевски-БАС и генерален менаџер на истата. На БАС ги реализира предметите во областа на претприемништво. По вокација е магистер по човечки ресурси.

Ненад Дафинчевски

Оперативен менаџер на ДЕТРА и консултант за организациски развој кој своето 10-годишно работно искуство го стекнува во ДЕТРА Центар. Најпрвен работи како асистент за логистика и подготовка на обуки и работилници кадешто почнува да ја изучува СКИТОП методологијата, а потоа под менторство на водечкиот консултант на ДЕТРА Центар, проф. д-р Цветко Смилевски, активно се вклучува во консултантско/обучувачкиот процес како негов асистент за денес да биде на ниво на СКИТОП консултант за организациски развој. Од фазите во СКИТОП методологијата најактивно работи на полињата на: организациска дијагноза, визионирање, стратешко планирање и архитектуирање. Покрај ова испорачува обуки во областите на меки вештини, надзорнички менаџмент, обука и развој на вработените.

Активно работи со приватни компании, невладини организации како државни институции. По вокација Ненад Дафинчевски е специјалист по стратегиски менаџмент (МБА програма).

Иван Ѓорѓиевски

Иван Ѓорѓиевски е предавач во областа на оперативниот менаџмент и консултант од областа на оперативен и надзорнички менаџмент. Додипломските студии ги завршува во БАС, додека постдипломските на ИСППИ при УКИМ. Во моментот е запишан на докторски студии во областа на организациски науки и управување. Во БАС е вработен повеќе од 5 години, а во ДЕТРА извршува консултантски услуги повеќе од 8 години. Областите во кои најчесто испорачува услуги се: бизнис дијагностика, организациски процеси, тимови и тимска работа, надзорнички и оперативен менаџмент, менаџирање со верига на набавки и проектен менаџмент.

Иван поседува значително искуство во проектните методологии и проектен менаџмент кое го стекна како претседател на организација од невладиниот сектор каде работеше повеќе од 7 години на развој и имплементација на проекти.

Даниела Карадаков

Проф. д-р Даниела Карадаков е професор во наставната област менаџмент на човечки ресурси на Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје и обучувач и консултант на ДЕТРА Центар, Скопје. Главни области во кои работи се менаџмент на човечки ресурси, интерперсонални деловни вештини, организациско комуницирање и комуникациски вештини, личен менаџмент, решавање на конфликти, деловното преговарање, организациското однесување, организирање на настани и сл. Во текот на својата наставно-научна кариера има спроведено доста истражувања и има објавено бројни стручни, научни трудови и научни трудови со импакт фактор во споменатите области. Таа има реализирано и бројни обуки како во земјава, така и во странство. 

Проф. д-р Даниела Карадаков има и повеќегодишно менаџерско искуство како директор и продекан за настава на БАС и за своето менаџерско работење има добиено две посебни признанија: признание за оживотворувањето на мисијата на БАС добиено од основачите на БАС во 2015 година и признание за најуспешни жени менаџери за 2018 година добиено од страна на Агенција Марили. Таа е автор на неколку компендиуми, како и прв автор на делата Личен менаџмент и Практикум по личен менаџмент. За својата работа како професор, обучувач и консултант секогаш е високо оценувана од страна на учесниците.

Лидија Стефановска

Доцент во наставната област Стратегиски менаџмент и пет години директор на БАС Институт за менаџмент Битола. Учествува во голем број истражувачки проекти каде дава значаен придонес во научното физиономирање на истите. Има повеќегодишно искуство во дизајн на методолошката рамка, реализација на истражувања во областа на стратешкото управување на организациите. Во тој смисол, од особена важност е нејзиното учество како тим лидер во проектот „Компаниите како стратегиски фокусирани организации за конкурентност“ – како дел од макропроектот на БАС Институтот за менаџмент Битола, кој се реализираше во периодот од 2012 – 2016 година.

Покрај реализацијата на обуки за стратегиско планирање, како во невладиниот сектор така и во јавниот и приватниот сектор, таа исто така, дава значаен придонес и на многу научни и стручни собири со свои трудови, многу од нив објавени во меѓународни научни списанија. Член е на УО на Македонското научно друштво и член на програмски одбор на многубројни научни Конференции кои третираат теми од областа на професионалниот менаџмент. Автор е на две книги од областа на Стратегискиот менаџмент.

Маја Кузмановска

Д-р Маја Кузмановска е професор на високата стручна школа Бизнис академија Смилевски БАС, Скопје и консултант за организациски развој во Детра центар. Своето формално образование го завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј каде се стекнува со звање доктор по економски науки, со специјалност во Маркетингот.

Веќе 12 години ја врши својата професија како професор. Во својот професионален развој се стекнува со многу сертификати и признанија за областа во која специјализирала. Има објавено голем број на стручни и научни трудови и книги. Се јавува во улога на Претседател на програмски и организациски одбор на стручни и научни собири и како ментор на повеќе работилници.

Од консултантските услуги нејзина специјалност се стратегиско планирање и продажба.

Гордана Тасевска

Проф. д-р Гордана Тасевска е професор на Бизнис академија Смилевски, во одделението за дисперзирани студии во Битола, и заменик-директор на БАС. Aктивно е вклучена во наставно-образовната дејност на двата циклуса студии на оваа високообразовна институција. Нејзиниот научен интерес е насочен кон областа менаџмент на човечки ресурси. Експертизата ѝ е насочена кон развивање теоретски и практични знаења во: личниот менаџмент, интерперсоналните деловни вештини, организациската клима и култура, канцеларискиот менаџмент, менаџментот на човечки ресурси, тимската работа и др. Стекнатото искуство го споделува како консултант и активен обучувач во ДЕТРА Центар – Скопје. Вклучена е како научен соработник во реализацијата на повеќе научноистражувачки и апликативни проекти на БАС Институтот за менаџмент во Битола.  

Се појавува како автор на книги од областа во која работи и се едуцира. Има објавено публикации во меѓународни научни списанија и списанија со импакт фактор. Учествувала на повеќе конференции, симпозиуми, научни собири во земјава и надвор од неа. Одржала и меѓународни предавања на високообразовните институции со кои БАС Високата школа.  Таа е автор и ко-автор на неколку компендиуми, како ко-автор на делата Личен менаџмент и Практикум по личен менаџмент. Во полето на нејзиното дејствување покажала високи резултати при евалвација на претпоставените и опкружувањето.

Тони Соклевски

Проф. д-р Тони Соклевски е професор на Бизнис академија Смилевски-БАС и менаџер за развој на истата. Активно е вклучен во наставно-образовната дејност на двата циклуси на студии. Неговите полиња на интерес и експертиза ги вклучуваат: надзорнички менаџмент, оперативен менаџмент и проектен менаџмент. Покрај ова, активно е вклучен во пишување и спроведување на проекти со разни донатори од земјата и странство. Стекнатото искуство го споделува како активен консултант и обучувач во ДЕТРА Центар. Тони Соклевски активно учествува во бројни симпозиуми и конференции.