СКИТОП методологија

Процесното консултантство за организациски промени го спроведуваме според сопствена СКИТОП Синергетско Креирање и Интегрален Трансфер на Организациски Промени) методологија.

Организацискиот развој е процес на сеопфатна организациска промена и нејзино усогласување со промените во средината. Причина за пристапување кон ваквите организациски промени е  потребата  на  организацијата  да  го зголеми својот организациски капацитет за поефективно и поефикасно справување со настанатите промени во средината, пред сé, во посоодветно задоволување на потребите на клиентите и посоодветно справување со конкуренцијата. Во тој процес на зголемување на својот организациски капацитет организацијата ги користи своите постојни кадровски ресурси и нашата екстерна консултантска помош.

 

Фази од организациски промени по СКИТОП методологија

 

СКИТОП методологијата се состои од 6 фази и тоа:

Фаза 1. ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ (организациска дијагноза и приоритети за развој)

Фаза 2. ВИЗИОНИРАЊЕ (стратегиско планирање)

Фаза 3. КУЛТИВИРАЊЕ (организациска култура и етика)

Фаза 4. АРХИТЕКТУРИРАЊЕ (организациски процеси и структура)

Фаза 5. ЕНЕРГИЗИРАЊЕ (систем на плати и награди)

Фаза 6. ТРАНСФЕРИРАЊЕ (организациско учење)

 

Повеќе за нашата СКИТОП методологија може да прочитате во информативната брошура.