Лична карта

DEvelopment through TRAining

 

Историјат

Центарот за организациски развој ДЕТРА е основан во 1991 година со првичен фокус на обезбедување услуги за развој низ обука, од каде што е изведено името – DEvelopment through ТRAining.

Денес поле на наше делување е организацискиот развој. Преку обучувачки и консултантски услуги им помагаме на клиентите што се соочуваат со потреба за приспособување на барањата на пазарот, подобрување на постојните и стекнување нови компетенции кај своите вработени. Независно дали се работи за испорачување обука или консултантски услуги, главни обележја, кои нашата работа ја прават препознатлива, се партнерскиот однос и тимската работа. Уште во првиот контакт при определување на потребите на клиентот нашите консултанти инсистираат на овие два услова бидејќи долгогодишното искуство нé научи дека тие се фактори што овозможуваат успех. Промената во личниот живот или во организацијата бара дополнителен напор и енергија, која мора да произлезе од личната инволвираност на клиентот.

Целта на нашиот партнерски однос е вклученост и посветеност и на консултантот, но и на клиентот. ДЕТРА Центар ги предизвикува своите клиенти да ја поделат одговорноста за својот успех. При креирање на решенијата вклучуваме вработени од сите слоеви од организацијата со цел проблемот/потребата да се согледа сеопфатно. Овој пристап овозможува систематизирано дефинирање на проблемот, што овозможува доаѓање до систематизирано решение, кое сработено на овој начин ги олеснува интегрирањето, поделувањето и трансферот на знаење и промени помеѓу колегите.

Нашата цел е да ја смениме перспективата, да го ослободиме потенцијалот што лежи во секој вработен и да формираме комплементарен тим, кој ќе создаде нови можности, бидејќи ние во ДЕТРА Центар веруваме дека проблемите се можности за нов развој.

 

Визија

ДЕТРА Центар е стабилен и долгорочен партнер на секоја организација што инвестира во развојот на вработените и нивните капацитети. Преку партнерскиот однос и ставање на акцентот на вработените, ДЕТРА го развива максималниот потенцијал од секој вработен во насока на континуирано подобрување на работењето на вработениот и на организацијата.

 

Мисија

Партнерскиот однос е она што не прави поразлични од сите други. Нашите консултанти и обучувачи не доаѓаат со готови решенија за проблемите, туку фокусот го ставаме на работата со луѓето во организацијата и нивно водење кон создавање и имплементација на решенија.

Оптималност на решенијата е уште една од работите по кои сме препознатливи. Секогаш сме фокусирани кон создавање на оптимални решенија кои ќе функционираат совршено, наместо идеални решенија кои никогаш нема да бидат имплементирани.

Оспособување на вработените за понатамошна самостојна работа го сметаме како неопходно за понатамошниот развој на организацијата. Со нашиот стил на работа ги оспособуваме вработените во организацијата за самостојно да ги решаваат сличните проблеми кои ќе се појават во иднина преку пренесување на нашиот стил на работа.

Транспарентноста во работата ја сметаме за светост. Секогаш даваме комплетен отчет и препораки кон нарачателот на услугата, а од друга страна инсистираме на транспарентност и во работата со луѓето. Настојуваме да ги извадиме на виделина и оние работи што се преќутени, без притоа да се посочуваат виновници за тоа. Секогаш се водиме од девизата дека: „Најтешко се лечи болката што не се кажува“.