Иако е општо познат факт и понекогаш звучи како клише изрека, вистината е дека вработените се највредниот ресурс на секоја организација. Луѓето ја прават разликата помеѓу организациите бидејќи речиси секоја организација може да дојде до исти објекти, алати, материјали и сл. Затоа, изборот на компетентни вработени соодветни за работната позиција е од суштинска важност за долгорочен успех на организацијата.

Консалтингот за менаџмент на човечки ресурси е стручна помош на организациите, првенствено во делот на селекција на менаџерски кадри. Преку употреба на соодветни психометриски тестови, тестови на знаења како и индивидуални интервјуа, им помагаме на организациите да го изберат вистинскиот човек за работното место.

 За кого е наменета оваа услуга:

  1. секоја организација што има потреба од експертско мислење при изборот на вработени, особено за менаџерските позиции
  2. менаџери и вработени во секторот за човечки ресурси, кои имаат потреба од надворешно експертско мислење за донесување на вистинската одлука при изборот или унапредувањето на вработени
  3. сопственици, топ менаџери, извршни директори кои планираат пополнување на клучните менаџерски позиции во организацијата со внатрешни или надоврешни кандидати

 

Експертски консултантски услуги за менаџмент на ЧР:

  • психометрски тестови на кандидати за работа (тип на личност и развиеност на седумте интелигенции)
  • тестови на знаење на кандидати за работа
  • интервјуа со кандидати за работа
  • препорака за избор на соодветен кандидат
  • консултантска помош на менаџерите за ЧР во структуирање и развој на секторот
  • изработка на програма за стажирање (работно воведување)

Пошироки и долгорочни бенефити од  консалтингот за менаџмент на ЧР:

  • активна вклученост на организацијата во процесот на селекција на кадри што е предуслов за успешен резултат
  • активна вклученост на органзиацијата во изработка на програмата за стажирање
  • компетентни и соодветно распоредени вработени