Цветко Смилевски (основач и водечки консултант)

Цветко Смилевски е водечки академски и консулатантски авторитет за организациски промени во РМ.  Покрај воведувањето на предметот Менаџмент на промените за прв пат во студиите на ПДС во РМ, тој е и првиот меѓународно сертификуван консултант за практикување на Адижесовата методологија за организациски промени.

Лична карта

DEvelopment through TRAining   Историјат Центарот за организациски развој ДЕТРА е основан во 1991 година со првичен фокус на обезбедување услуги за развој низ обука, од каде што е изведено името – DEvelopment through ТRAining. Денес поле на наше делување е организацискиот развој. 

Останати обуки

Обуките се значаен елемент во организацискиот развој. Преку обуките се развиваат и подигаат индивидуалните капацитети на вработените кои пак се носители на сите промени во организацијата. Колку покомпетентни вработени има една организација, толку е поспремна да одговори на промените кои се случуваат, без разлика дали […]

Школа за надзорници

Надзорничката улога е една од најважните во секоја организација. Надзорникот е менаџер од прва линија одговорен за работата на директните извршители и со тоа најдиректно влијае на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Синоними за поимот надзорник се: шеф, супервизор, контролор, тим-лидер и сл.

Обука на обучувачи (Training of trainers)

Интелектуалниот капитал на вработените е највредниот ресурс со кој располага една организација. Тоа знаење со тек на времето може да се изгуби со заминување на некои од клучните луѓе или пак едноставно несподелување на знаењето со колегите.