Школа за надзорници
Надзорничката улога е една од најважните во секоја организација. Надзорникот е менаџер од прва линија одговорен за работата на директните извршители и со тоа најдиректно влијае на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Синоними за поимот надзорник се: шеф, супервизор, контролор, тим-лидер и сл.
Целта на програмата е да ги „наоружа“ учесниците со сите потребни менаџерски компетенции за успешно справување со работата имајќи во предвид дека 80% од работата на надзорниците е со луѓе и решавање на проблеми. Школата за надзорници е составена од 14 еднодневни и независни модули такашто секој од нив претставува посебна еднодневна обука. Подетални информации за Школата за надзорници можете да дознаете од информативната брошура.
За кого е наменета Школата за надзорници:
- надзорници
- идни надзорници
- организации кои имаат развиено надзорничка структура
- организации кои ја препознаваат важноста од улогата на надзорникот
По завршување на програмата, учесниците ќе можат успешно да:
- решаваат дисциплински проблеми
- применуваат мотивациски техники
- користат различни лидерски стилови во зависност од ситуацијата
- формираат функционални тимови
- препознаваат лични карактеристики на секој од вработените
- балансираат помеѓу потребите на вработените и потребите на бизнисот
[contact-form-7 id=”1059″ title=”Побарај обучувачка услуга”]