Школа за консултанти
Консултантството е една од најдинамичните, најпредизвикувачките, а во исто време и професија којашто постојано се менува и надградува. ДЕТРА центар како една од првите консултантски компании во Македонија има акумулирано 27 годишно искуство со македонските компании и условите кои владеат во нашето стопанство. Работиме по холистички пристап, кадешто компанијата ја гледаме како целина и нашите активности кај клиентите допринесуваат за целосен организациски развој.
Имајќи ја во предвид потребата од професионални консултанти кои методолошки ќе им помагаат на организациите во нивниот развој, ДЕТРА центар организира ШКОЛА ЗА КОНСУЛТАНТИ за организациски развој.
Ако си:
- вработен во оддел/сектор за човечки ресурси
- менаџер за човечки ресурси
- топ менаџер/сопственик на бизнис
- личност што сака да гради кариера во консултантскиот бизнис
тогаш си идеален учесник за Школата за консултанти!
Преку Школата за консултанти:
- ќе научиш како да им помагш на организациите да имаат подобри перформанси и покомпетентни вработени
- ја совладаш методологијата на работа на ДЕТРА, преку практични вежби и теренска работа во реални организации
- се стекне со сертификат за консултант за организациски развој
- создадеш мрежа на контакти кои имаат слични интереси како твоите
Бројот на места е ограничен, а принципот на пријавување е „прв пријавен-прв услужен„.
За повеќе информации пишете на info@detra.edu.mk или јавете се на 078-494-505.