Цветко Смилевски (основач и водечки консултант)
Цветко Смилевски е водечки академски и консулатантски авторитет за организациски промени во РМ. Покрај воведувањето на предметот Менаџмент на промените за прв пат во студиите на ПДС во РМ, тој е и првиот меѓународно сертификуван консултант за практикување на Адижесовата методологија за организациски промени. Од 1999 година тој спроведува консултантски интервенции по организациски промени по својата авторска консултантска методологија именувана како СКИТОП (Синергетско креирање и интегрално трансферирање на организациски промени). Проф. Цветко Смилевски има екстензивно обучувачко и консултантско искуство во градењето на капацитетите на организации од секаков тип: приватни компании, државни и јавни институции, како и граѓански организации.
Покрај консултантските услуги проф. Смилевски има испорачано огромен број на менаџерски обуки за менаџери од сите нивоа, од големи корпорации до мали семејни бизниси. Автор е на разни универзитетски учебници, а едно од најпознатите негови дела е „Предизвикот и мајсторството на организациските промени“ каде детално ја разработува својата авторска СКИТОП методологија.