Постоењето на стратегија е една од суштинските работи за успешен раст и развој на секоја организација. Ние секојдневно разработуваме стратегии без разлика дали сме на работното место или не. Правиме стратегија како да го поминеме годишниот одмор, како да го купиме автомобилот што ни се допаѓа, како да симнеме 5кг и многу други слични примери. Преку стратегијата се креира визијата за иднината каква што сакаме да биде и кои се неопходните чекори кои треба да ги направиме за да се оствари таа визија.
Со услугата за стратешкото планирање им помагаме на организациите да ја создадат својата визија за наредните 3 до 5 години и потребните чекори кои ќе ги донесат до остварување на визијата. Оваа активност ја реализираме со топ менаџментот каде фокусот на активностите се визијата, мисијата и стратешките приоритети на организацијата, а крајниот резултат е изработена стратегија за организацијата.
Постоењето на претходно направена Холигноза ќе го забрза процесот на изработка на стратегијата!
За кого е наменета оваа услуга:
- организации од било каков тип и големина кои имаат потреба од стручна помош при изработка на стратегија
- организации кои ја имаат согледано потребата и корисноста од постоење на организациска стратегија
- топ менаџери кои имаат потреба од наворешна консултантска помош за изработка на стратегија
Директни резултати од стратешкото планирање:
- анализа и мапирање на надворешното окружување како и клучните стејкхолдери
- визија и мисија на организацијата
- стратешки цели за 3 до 5 години
- активности и индикатори за остварување на стратешките цели
Пошироки и долгорочни бенефити од стратешкото планирање:
- јасна претстава за окружувањето во кое делува организацијата
- свесност за неопходноста од стратешко размислување
- споделени искуства за тоа како секој вработен ја гледа организацијата
- преку поставување на стратегиските цели, индиректно се анализираат капацитетите со кои располага организацијата