Иако е општо познат факт и понекогаш звучи како клише изрека, вистината е дека вработените се највредниот ресурс на секоја организација. Луѓето ја прават разликата помеѓу организациите бидејќи речиси секоја организација може да дојде до исти објекти, алати, материјали и сл. Затоа, изборот на компетентни вработени соодветни за работната позиција е од суштинска важност за долгорочен успех на организацијата.
Консалтингот за менаџмент на човечки ресурси е стручна помош на организациите, првенствено во делот на селекција на менаџерски кадри. Преку употреба на соодветни психометриски тестови, тестови на знаења како и индивидуални интервјуа, им помагаме на организациите да го изберат вистинскиот човек за работното место.
За кого е наменета оваа услуга:
- секоја организација што има потреба од експертско мислење при изборот на вработени, особено за менаџерските позиции
- менаџери и вработени во секторот за човечки ресурси, кои имаат потреба од надворешно експертско мислење за донесување на вистинската одлука при изборот или унапредувањето на вработени
- сопственици, топ менаџери, извршни директори кои планираат пополнување на клучните менаџерски позиции во организацијата со внатрешни или надоврешни кандидати
Експертски консултантски услуги за менаџмент на ЧР:
- психометрски тестови на кандидати за работа (тип на личност и развиеност на седумте интелигенции)
- тестови на знаење на кандидати за работа
- интервјуа со кандидати за работа
- препорака за избор на соодветен кандидат
- консултантска помош на менаџерите за ЧР во структуирање и развој на секторот
- изработка на програма за стажирање (работно воведување)
Пошироки и долгорочни бенефити од консалтингот за менаџмент на ЧР:
- активна вклученост на организацијата во процесот на селекција на кадри што е предуслов за успешен резултат
- активна вклученост на органзиацијата во изработка на програмата за стажирање
- компетентни и соодветно распоредени вработени