СКИТОП методологија
Процесното консултантство за организациски промени го спроведуваме според сопствена СКИТОП ( Синергетско Креирање и Интегрален Трансфер на Организациски Промени) методологија.
Организацискиот развој е процес на сеопфатна организациска промена и нејзино усогласување со промените во средината. Причина за пристапување кон ваквите организациски промени е потребата на организацијата да го зголеми својот организациски капацитет за поефективно и поефикасно справување со настанатите промени во средината, пред сé, во посоодветно задоволување на потребите на клиентите и посоодветно справување со конкуренцијата. Во тој процес на зголемување на својот организациски капацитет организацијата ги користи своите постојни кадровски ресурси и нашата екстерна консултантска помош.
Фази од организациски промени по СКИТОП методологија
СКИТОП методологијата се состои од 6 фази и тоа:
Фаза 1. ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ (организациска дијагноза и приоритети за развој)
Фаза 2. ВИЗИОНИРАЊЕ (стратегиско планирање)
Фаза 3. КУЛТИВИРАЊЕ (организациска култура и етика)
Фаза 4. АРХИТЕКТУРИРАЊЕ (организациски процеси и структура)
Фаза 5. ЕНЕРГИЗИРАЊЕ (систем на плати и награди)
Фаза 6. ТРАНСФЕРИРАЊЕ (организациско учење)
Повеќе за нашата СКИТОП методологија може да прочитате во информативната брошура.