Обука за интерни консултанти
Секоја организација треба да се посвети на максимално искористување на интелектуалниот потенцијал на своите вработени. Еден од бенефитите на СКИТОП методологијата за нашите клиенти е што оспособуваме дел од нивните вработени за работа според нашата методологија како би можеле во иднина самостојно да одговорат на предизвиците при организацискиот развој.
Целта на обуката е оспособување на интерни консултанти чија задача е да ги водат тимовите при решавање на одредени проблеми, од дијагноза на проблемот до креирање и имплементирање на решенијата. Овие интерни консултанти ги оспособуваме да работат според проверената СКИТОП методологија на ДЕТРА. Интерните консултанти најпрвен својата работа ќе ја вршат под менторство на консултанти од ДЕТРА центар, се до нивното оспособување за самостојна работа како интерени консултанти во матичната организација.
За кого е наменета услугата:
- организации насочени кон максимално искористување на интелектуалниот капитал на своите вработени
- организации насочени кон развој на капацитетите на своите вработени
- вработени и останати поединци кои се занимаваат или планираат да се занимаваат со консултантство
Директни резултати од обуката за интерни консултанти:
- оспособени и сертифицирани СКИТОП консултанти за водење на интерни работни тимови во организацијата
Пошироки и долгорочни бенефити од обуката за интерни консултанти
- максимално искористени интерни капацитети на организацијата
- намалени прошоци за ангажирање на надворешни консултанти
- поефикасно решавање на проблемите
- зголемена посветеност на интерните консултанти кон работата
- зголемен процент на импмлементација на донесените решенија
[contact-form-7 id=”1059″ title=”Побарај обучувачка услуга”]