Промената е единствената константа денес.
Сигурно многу пати ја имаш слушнато/прочитано оваа фраза. Колку и да звучи клише, сепак би рекле дека е вистина, особено во денешниот свет каде промените се случуваат со голема брзина.
Постојат мал милион методологии за организациски промени и секоја е корисна на свој начин. Според нашата методологија еве кои се чекорите што треба да ги направиш за да осмислиш и спроведеш организациски промени:
- Направи детална дијагноза
- Изработи компаниска стратегија.
- Постави ја организациската структура.
- Напиши ги вредностите и верувањата по кои сакаш да се водат вработените.
- Осмисли го системот на плати и награди.
- Избери ги „амабсадорите на знаењето“.
Во овој текст ќе се фокусираме на чекор 1– детална дијагноза. Ќе ти покажеме како да ги детектираш и распределиш слабите страни во компанијата што е речиси половина од целиот процес.
Пред да почнеме, сакаме да те запознаеме со еден термин што ќе го користиме како синоним за слаби страни, а тоа е ПИП (Potential Improvement Point).
Како изгледа формулацијата на ПИП?
ПИП-от треба да го напишеш во негативна смисла како недостаток од нешто или пак нешто што не се спроведува доволно добро во компанијата.
Пример: 1) „Слаб проток на информации на хоризонтално ниво“ или 2) „Недоволно внимание кон постоечките клиенти“ или 3) „Недоволно агресивна промоција“. Веќе сфаќаш на што мислам.
Твоја задача е да напишеш колку што можеш повеќе ПИП-ови.
Потроши онолку време колку што сметаш дека ти е потребно за да ги напишеш сите ПИП-ови. Ова е премногу важна активност, затоа фокусирај се и не брзај.
Како да ги категоризираш ПИП-овите?
Во еден претходен текст зборувавме за четирите организациски капацитети, но ќе ги спомнеме пак накратко и овде:
- Производствен капацитет е основната оперативна функција на компанијата т.е способноста да ги испорачува потребните производи/услуги кон клиентите (она за што постои компанијата).
- Административен капацитетпретставуваат сите интерни системи, правила, процедури, политики кои и овозможуваат на компанијата да работи стандардизирано и ефикасно со најмала потрошувачка на ресурси.
- Претприемачки капацитете всушност капацитетот за развој каде се сместени функциите на маркетинг, истражување и развој. Овој капацитет е способноста на компанијата да ги предвидува промените и потребите на пазарот и да развива/подобрува производи/услуги кои ќе ги задоволат побарувањата на клиентите.
- Интегративниот капацитет ја претставува интегрираноста на сите оддели и функции во една целина. Развиеноста на овој капацитет значи дека компанијата функционира како една целина (како човечкиот организам) каде што сите сите составни делови меѓусебно се надополнуваат. Добро интегрирана компанија значи дека меѓу вработените владее тимски дух, чувство на припадност како и посветеност кон компаниските цели.
Твоја задача е да ги распределиш сите ПИП-ови што ги напиша во капацитетите опишани погоре со тоа што еден ПИП ќе припаѓа само во една категорија.
————————–
Компаниската дијагноза се занимава со анализирање на внатрешните капацитети (силни и слаби страни). Досега работеше на слабите страни, а сега продолжуваме кон останатиот дел од дијагозата.
За таа цел, ќе користиме уште еден термин од нашата методологија (чија основа е Адижесовата), а тоа е терминот ПОП (Positive Organizational Performance). Поедноставно кажано тоа се силните страни во компанијата т.е. она што компанијата го прави добро.
Еве неколку примери како да формулираш ПОП-ови во компанијата:
- Добар проток на информации од сектор продажба во сектор логистика
- Вработување на квалитетни кадри
- Маркетинг кампањи соодветни на таргет групата
- Неформална дружба меѓу колегите и после работа
Што понатаму?
Твоја задача е да ги повториш чекорите што ги разработивме погоре во текстот, а се однесуваа на ПИП-овите.
Чекор 1: Седни, размисли добро и напиши ги сите ПОП-ови што ги имаш согледано кај тебе во компанија. Не брзај, потроши онолку време колку што мислиш дека е потребно.
Чекор 2: Распредели ги ПОП-овите во ПАЕИ организациските капацитети кои ги објаснивме подетално во претходниот текст.
Како ова ќе ти помогне да ја согледаш сликата?
Она што е многу важно да направиш сега е графички приказ на односот помеѓу ПОП-ови и ПИП-ови како на сликата дадена подолу:
Важно е да бараш критични точки каде што ПИП-овите (слабите страни) во некој од организациските капацитети е значително поголем од ПОП-овите (силните страни).
Во примеров најкритичен е административниот капацитет затоа што компанијата има малку позитивни перформанси во тој дел за да се справи со слабите страни кои се јавуваат.
Затоа во примеров неопходно е да се стави акцент на административно „стегнување“ на компанијата.
Од друга страна пак производствениот капацитет е најстабилен затоа што бројот на ПОП-ови е значително поголем од бројот на ПИП-ови. Ова значи дека компанијата има доволно развиен производствен капацитет за да се справи со недостатоците кои се појавуваат конкретно во тој организациски капацитет.
Како до конечната слика за компанијата?
Компаниската дијагноза е целосна кога ќе утврдиш во која фаза од развој е компанијата, за што ти се потребни сите претходно направени чекори заклучно со графичкиот однос на ПИП-ови и ПОП-ови.
Бидејќи се работи за материја која не може да се опише со 2-3 збора (секоја фаза е специфична на свој начин), а бара и препрочитување неколку пати, ТУКА ќе најдеш краток материјал каде се опишани сите фази од развојот со нормалните и „ненормалните“ проблеми за секоја фаза.
Со ова, веќе ги имаш чекорите и потребните материјали за сам/а да направиш компаниска дијагноза.
Само напред и без откажување 🙂
Со пoчит,
Тимот на Детра
П.С. Доколку ти треба помош/совет на темата пиши ни на info@detra.edu.mk