Даниела Карадаков

Д-р Даниела Карадаков е повеќегодишен обучувач и консултант на ДЕТРА Центар во областа на менаџмент на човечки ресурси, личен менаџмент, организациско комуницирање, организациско учење, интерперсонални деловни вештини и сл. Овие области се предмет на интерес, проучување, истражување и развивање и на Бизнис академија Смилевски – БАС, каде работи како виш предавач и директор.
Низ годините наназад бележи успешно реализирани обуки и консултантски активности, а исто така и највисоко евалвирани предавања. Покажаната креативност, посебниот и адаптиран андрагошки пристап во работата, како и прилагодената комуникација за време на активностите овозможуваат целосен фокус и внимание и корисно впивање на содржините предвидени за секоја активност реализирана во рамките на ДЕТРА Центар.
Формалното образование – доктор по менаџмент во образование, дава само додадена вредност на ефектите од реализираните активности.