Благој Грубор

Благој Грубор има големо практично искуство и солидна теоретска подготовка во областа на менаџментот. Во првите 25 години од својот работен век стекнува менаџерско искуство во две производни организации. Прво како оперативен менаџер на производен процес, а потоа како оперативен менаџер на одржувачки процес. Потоа, во наредните седум години, како обучувач и консултант на ДЕТРА центар, тоа свое менаџерско искуство, надградено со теорија, го пренесува преку обуки и консултантски активности во областа на менаџментот. Овака комплетираното знаење тој во последните пет години го пренесува на студентите во Бизнис академијата Смилевски – БАС во областа на надзорничкиот и оперативниот меанџмент.

Изведува обуки во областа на надзорничкиот и оперативниот менаџмент. Специјалност му е тимската работа, па затоа настапува како обучувач и консултант во оваа област. Повеќе пати бил дел од обучувачко консултанскиот тим кој ја изведувал консултантска методологија на проф. д-р Цветко Смилевски именувана како СКИТОП.