Start/Stop/Continue техника

Start/Stop/Continue техника

„Не ми ги кажувајте убавите работи, нив ги гледам на сметката во банка. Кажете ми што не чини во работењето, за да се подобриме.“

Вака им вели еден наш партнер со кого соработуваме 5-6 години на своите вработени.

Факт е дека убавите работи ни го хранат срцето и душата, ама уште непобитен факт е дека согледувањето и прифаќањето на неубавите работи се основа за раст и развој.

Има една кратка техника преку која можеш да брзо да провериш како стојат работите кај тебе во компанијата.

Собери ги сите твоите вработени, колеги, соработници и секој од нив нека даде свои размислувања за:

 

1. Активности што компанијата досега ги прави, а треба да престане да ги прави (STOP)

2. Активности што компанијата не ги прави, а треба да почне да ги прави (START)

3. Активности што компанијата ги прави и треба да продолжи да ги прави (CONTINUE)

 

Ова можеш да го направиш на повеќе начини.

Може да биде заедничка работилница каде ќе разговарате за овие работи или пак секој од луѓето да напише свои размислувања и да ги испрати во пишана форма.

 

Точка 1 (STOP) се критичните активности кои ги прават проблемите (конфликти, проблеми, загуби и сл.)

Точка 2 (START) се развојните активности што треба да го унапредат целокупното работење (подобра услуга/производ, зголемена продажба, нови клиенти, продлабочени партнерства и сл.)

Точка 3 (CONTINUE) се активностите кои ја даваат стабилноста на компанијата. Она што го правите добро како компанија и сте препознатливи.

 

За почеток земи лист хартија и пенкало/молив и напиши по 3-5 активности во секоја категорија, но точно по овој редослед. Прво точка 1, па точка 2 и на крај точка 3.

Не заборавај како го започнавме овој текст.

Убавите работи ги гледаме сите. Треба да ги отвориш очите за она што не е добро во компанијата, а мора да се промени.

 

 

 

 

 

 

 

Posted on: 25.02.2020Ненад Дафинчевски