Консултантски услуги

Организациска дијагноза- ХОЛИГНОЗА

Целосната организациска дијагноза- Холигноза е консултантска алатка преку која се утврдува фазата од организациски развој во којшто се наоѓа организацијата. Секоја од фазите во организацискиот развој има свои сопствени карактеристики како и препорачани мерки за надминување на потешкотиите во работењето. Името на ова алатка, холигноза, доаѓа од холистичкиот пристап кој го применуваме каде организацијата се анализира како една целина. Continue reading

СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ (ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИИ)

Постоењето на стратегија е една од суштинските работи за успешен раст и развој на секоја организација. Ние секојдневно разработуваме стратегии без разлика дали сме на работното место или не. Правиме стратегија како да го поминеме годишниот одмор, како да го купиме автомобилот што ни се допаѓа, како да симнеме 5кг и многу други слични примери. Преку стратегијата се креира визијата за иднината каква што сакаме да биде и кои се неопходните чекори кои треба да ги направиме за да се оствари таа визија.  Continue reading

КОНСАЛТИНГ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Иако е општо познат факт и понекогаш звучи како клише изрека, вистината е дека вработените се највредниот ресурс на секоја организација. Луѓето ја прават разликата помеѓу организациите бидејќи речиси секоја организација може да дојде до исти објекти, алати, материјали и сл. Затоа, изборот на компетентни вработени соодветни за работната позиција е од суштинска важност за долгорочен успех на организацијата.  Continue reading

ОРГАНИЗАЦИСКО СТРУКТУИРАЊЕ

Организациското структуирање е значајна фаза во развојот на секоја организација. Со структуирањето се стандардизираат процесите, а стандардизираните процеси придонесуваат за зголемен квалитет, зголемена ефикасност, зголемена контрола како и јасна поделба на задачите и одговорностите на секој вработен.  Continue reading