Тони Соклевски

Професор на Бизнис академија Смилевски-БАС и директор на БАС институтот за менаџмент. Високо образование завршува на Техничкиот факултет во Битола и како еден од најдобрите студенти во генерацијата, а потоа продолжува на постдипломски студии, за денес да биде доктор на науки во областа на менаџментот. На БАС предава предмети од областа на оперативен и надзорнички менаџмент. За потребите на ДЕТРА центар испорачува обуки во областите на тимови и тимска работа, водство, надзорнички менаџмент, комуникациски вештини, проектен менаџмент и сл. Речиси целата кариера ја поминува во едукативната дејност, најпрвен како професор во средно училиште, потоа преминува во БАС, а паралелно со ова работи и учествува во најразлични проекти од странски донатори, од подготовка до имплементација. Член е на неколку македонски, но и меѓународни професионални организации.