Школа за надзорници

Школа за надзорници

Надзорничката улога е една од најважните во секоја организација. Надзорникот е менаџер од прва линија одговорен за работата на директните извршители и со тоа најдиректно влијае на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Синоними за поимот надзорник се: шеф, супервизор, контролор, тим-лидер и сл.

Целта на програмата е да ги „наоружа“ учесниците со сите потребни менаџерски компетенции за успешно справување со работата имајќи во предвид дека 80% од работата на надзорниците е со луѓе и решавање на проблеми. Школата за надзорници е составена од 14 еднодневни и независни модули такашто секој од нив претставува посебна еднодневна обука. Подетални информации за Школата за надзорници можете да дознаете од информативната брошура.

 

За кого е наменета Школата за надзорници:

  • надзорници
  • идни надзорници
  • организации кои имаат развиено надзорничка структура
  • организации кои ја препознаваат важноста од улогата на надзорникот

 

По завршување на програмата, учесниците ќе можат успешно да:

  • решаваат дисциплински проблеми
  • применуваат мотивациски техники
  • користат различни лидерски стилови во зависност од ситуацијата
  • формираат функционални тимови
  • препознаваат лични карактеристики на секој од вработените
  • балансираат помеѓу потребите на вработените и потребите на бизнисот



Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски