Организациска дијагноза- ХОЛИГНОЗА

Организациска дијагноза- ХОЛИГНОЗА

Целосната организациска дијагноза- Холигноза е консултантска алатка преку која се утврдува фазата од организациски развој во којшто се наоѓа организацијата. Секоја од фазите во организацискиот развој има свои сопствени карактеристики како и препорачани мерки за надминување на потешкотиите во работењето. Името на ова алатка, холигноза, доаѓа од холистичкиот пристап кој го применуваме каде организацијата се анализира како една целина.

Фокусот на оваа работилница е на детектирање на силните и слаби страни, графичко претставување на нивниот однос, утврдување во која фаза од развој се наоѓа организацијата како и предлог активности за подобрување на работењето. Дијагнозата се реализира со тим од најмногу 18 учесници меѓу кои се претставници од сите нивоа на менаџмент од организацијата, како и дел од директните извршители  на работните задачи.

 

За кого е наменета услугата:

  • за сите организации кои сакаат да имаат точна и јасна слика за моменталното работење на организацијата од повеќе аспекти (производство, продажба, човечки ресуси, иновации и сл.)
  • организации кои се во фаза на организациски промени и избор на понатамошен правец на развивање на организацијата
  • организации од било каков тип: приватни компании, невладини организации, државни и јавни институции
  • организации кои се подготвуваат или соочуваат со промена на топ менаџментот (пример: предавање на менаџерската позиција од основачот на децата)

 

Директни резултати од Холигнозата:

  • преглед на силни и слаби страни на организацијата и нивна категоризација
  • приоретизација на силни и слаби страни според дефинирани критериуми
  • определена точка на развој во која се наоѓа организацијата
  • предлог активности за подобрување на работењето

Пошироки и долгорочни бенефити од Холигнозата:

  • холистички пристап кон работата каде што вработените ќе ја гледаат организацијата како една целина
  • дијагнозата е одлична основа за годишно и стратешко планирање
  • топ менаџментот има можност директно да види како размислуваат подредените
  • тимска работа и соработка меѓу вработените



Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски