Кој е вистинскиот консултант за тебе и твојот бизнис?

Кој е вистинскиот консултант за тебе и твојот бизнис?

Сигурно досега имаш ангажирано или пак имаш размислувано да ангажираш консултант што ќе ти помогне да го унапредиш бизнисот.

Гарантираме дека овие две прашања си ги имаш поставено пред да донесеш одлука:

1) дали ова е правиот човек за моите потреби? и

2) дали резултатите што ги ветува вредат за хонорарот што го бара?

Како консултантска компанија која била ангажирана многу пати од многу клиенти ќе се обидеме да ти дадеме одговор на двете прашања.

 

1) Дали е ова правиот човек за моите потреби?

Обиди се да го разгледаш прашањето од друг агол. Постави си го прашањето: „Каков консултант ми треба за да ми помогне со развој на бизнисот?“. Имаш генерално 2 опции.

Опција 1 е да ангажираш консултант кој детално ќе го анализира твојот проблем, ќе се „повлече“ одреден период за да смисли решенија и ќе ти презентира 2-3 опции од кои ќе треба да одбереш. Неговата работа завршува тука.

Опција 2 е да ангажираш консултант којшто цело време ќе работи заедно со тебе и твојот тим. Заедно ќе дијагностицирате, заедно ќе подготвувате решенија и ќе ти помага при имплементација. Неговата работа завршува кога ти со твојот тим ќе изработите решение на проблемот.

Во теоријата, опција 1 е позната како експертски консултант, а опција 2 е процесен консултант.

Вистината е дека нема подобар или полош пристап. Многу е важно како менаџер да процениш кој од двата пристапи ќе биде поефективен за компанијата и кој пристап е посоодветен на стилот на работа што го негуваш во компанијата. Секој од двата пристапи си има и позитивни и негативни страни, но за тоа во некој друг текст.

 

2) Дали резултатите што ги ветува вредат за хонорарот што го бара?

Незгодно прашање 🙂 Исто како и претходното прашање, нема точен/грешен одговор.

Вредноста на нештата е работа на лична перцепција. За тебе можеби 500 евра за смартфон се нормална вредност, а за некого дури и 300 евра се многу.

Исто и за ова. Прашање на лична перцепција е дали односот на сумата што ја бара консултантот и резултатите што ги ветува за тебе е ок.

 

Внимавај само на ова! Не верувај на консултанти кои ветуваат инстант резултати и дека после нивниот ангажман ќе тече мед и млеко во компанијата. Не само да внимаваш туку и бегај од такви.

Нема инстант резултати преку ноќ.

 

Со пoчит,
Тимот на Детра

 

П.С. Доколку се соочуваш со слична дилема и ти треба помош/совет пиши ни на info@detra.edu.mk

Posted on: 19.12.2019Ненад Дафинчевски