КОНСАЛТИНГ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

КОНСАЛТИНГ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Иако е општо познат факт и понекогаш звучи како клише изрека, вистината е дека вработените се највредниот ресурс на секоја организација. Луѓето ја прават разликата помеѓу организациите бидејќи речиси секоја организација може да дојде до исти објекти, алати, материјали и сл. Затоа, изборот на компетентни вработени соодветни за работната позиција е од суштинска важност за долгорочен успех на организацијата. 

Консалтингот за менаџмент на човечки ресурси е стручна помош на организациите, првенствено во делот на селекција на менаџерски кадри. Преку употреба на соодветни психометриски тестови, тестови на знаења како и индивидуални интервјуа, им помагаме на организациите да го изберат вистинскиот човек за работното место.

 

За кого е наменета оваа услуга:

  • секоја организација што има потреба од експертско мислење при изборот на вработени, особено за менаџерските позиции
  • менаџери и вработени во секторот за човечки ресурси, кои имаат потреба од надворешно експертско мислење за донесување на вистинската одлука при изборот или унапредувањето на вработени
  • сопственици, топ менаџери, извршни директори кои планираат пополнување на клучните менаџерски позиции во организацијата со внатрешни или надоврешни кандидати

 

Експертски консултантски услуги за менаџмент на ЧР:

  • психометрски тестови на кандидати за работа (тип на личност и развиеност на седумте интелигенции)
  • тестови на знаење на кандидати за работа
  • интервјуа со кандидати за работа
  • препорака за избор на соодветен кандидат
  • консултантска помош на менаџерите за ЧР во структуирање и развој на секторот
  • изработка на програма за стажирање (работно воведување)

Пошироки и долгорочни бенефити од  консалтингот за менаџмент на ЧР:

  • активна вклученост на организацијата во процесот на селекција на кадри што е предуслов за успешен резултат
  • активна вклученост на органзиацијата во изработка на програмата за стажирање
  • компетентни и соодветно распоредени вработени



Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски