Клиентите за ДЕТРА

„Кадешто проблемите стануваат можности“ заслужено стои во логото, не е ставено само како маркетинг.“

учесник од Спортлајф обложувалници

 

„Кога дојдов првиот ден се прашував што ли ќе научам, но за среќа научив многу работи.“

учесник од Спортлајф обложувалници

 

„Мислам дека сите се пронајдоа себеси и ќе почнат да наоѓаат начини како да ги надминат конфликтите со колегите и околината. Ми беше мило што сите се вклучија во фидбекот и ми се потврдија ставовите што ги имав.„

учесник од АППТ (Агенција за промоција и поддршка на туризмот)

 

„Го делам мислењето дека сето ова ќе вроди со плод. Успеавте да направите сите заедно да соработуваме. Добивме претстава за можните решенија и сме полни со енергија за решавање на проблемите“

учесник од Т.А Атлантис-Струмица

 

„Сум бил на многу семинари и тука дојдов со доза на резерва, но пријатно сум изненаден од вашиот пристап и методологија. Моите очекувања се да останеме што подолго во топ форма“

учесник од НИКОБ обезбедување

 

„Навистина сум задоволен од обуката затоа што се отворија нови видици за начинот на кој јас водам на позицијата на која работам. Навистина темата е обемна и е цела наука сама по себе, меѓутоа стварно се опфатија некои основни работи што можеби сум мислел дека ги знам. Многу ми се допаѓаа самотестовите (прашалниците) каде што јас се изненадив колку објективно ја даваат сликата за моментот во кој јас се однесувам на позицијата.“

учесник од Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ

 

„Морам да кажам дека јас не сум учествувал на вакви обуки претходно. Затоа во почетокот бев во грч. Како течеше обуката, полека се опуштав. Сметам дека многу научив, многу работи. Секако дека нешто знаев, не сум без ништо, но не ги знаев работите овака, школски. Отсега па натаму нема да слушам што работникот ќе ми каже, туку сам ќе видам дали е така. Сакам да кажам дека ќе го применувам наученото тука. Едно, за мене многу важно сознание, до кое дојдов за време на оваа обука е тоа дека знењето треба да се пренесува. Затоа моето искуство ќе го пренесувам на помладите, за да некој ме замени утре. Нема да го кријам.“

учесник од Вабтек МЗТ

Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски