Иван Ѓорѓиевски

Иван Ѓорѓиевски е предавач на Бизнис академија Смилевски-БАС во областите на оперативен и надзорнички менаџмент, а своето искуство најпрвен го стекнува како одговорен за лабараториските вежби на студентите. Преку реализација на лабараториските вежби целосно се запознава со принципите на андрагогијата и искуственото учење кои потоа му овозможуваат да ги развие своите компетенции за дизајн и имплементација на обуки и работилници. По вокација е магистер по човечки ресурси. Неговото работно искуство е збогатено и со многу активности поврзани со донаторски проекти, од подготовка до имплементација.

Во ДЕТРА центар испорачува обуки за: меки вештини (со фокус на презентациски и комуникациски вештини), надзорнички и оперативен менаџмент, тимови и тимска работа, водство, а негова особена специјалност и пасија е дизајн и имплементација на едукативни тимбилдинг работилници.

Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски