Ефективни тимови и тимска работа

Ефективни тимови и тимска работа

Успешната тимска работа е една од основните работи за успех на било која организација. Поаѓајќи од фактот дека една личност ниту знае ниту може се да сработи сама, се јавува потребата од тимска работа. Тимот како микроорганизација сам по себе има одредени улоги и правила кои треба да се почитуваат со цел постигнување на врвни резултати. Изборот на членови на тимот е наука сама по себе.

Целта на оваа обука е оспособување на луѓе кои ќе бидат тимски играчи и ќе знаат како да изберат други тимски играчи. По завршување на обуката учесниците ќе ги разбираат и применуваат правилата, принципите и улогите на тимската работа.

 

За кого е наменета обуката:

  • организации кои често ја користат тимската работа како начин на завршување на задачите
  • сопственици, топ менаџери, менаџери за човечки ресурси, кои имаат потреба од подигање на свесноста на вработените од неопходноста за тимската работа, како и формирање на ефективни тимови во организацијата
  • вработени кои имаат потреба од зајакнување на капацитетите за тимска работа
  • вработени во организациите кои често се во улога на тим лидери

 

Директни резултати од обуката за тимови и тимска работа:

  • свесност за неопходноста од тимска работа
  • индивидуи кои ќе знаат да состават комплементарен тим со сите потребни профили на членови
  • вежбање на тимската работа преку практични вежби
  • индивидуи кои ги владеат улогите, правилата и принципите на тимска работа

Пошироки и долгорочни бенефити од обуката за тимови и тимска работа:

  • индивидуи оспособени за тимска работа
  • зајакнат тимски дух и соработка меѓу колегите



Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски