Водство во услови на криза

Водство во услови на криза

Нема потребна повторно да ја нагласуваме ситуацијата во која се наоѓаме сите. Јасно е како ден.

Она што периодов се наметнува можеби повеќе од се, во секоја компанија, е потребата од силно водство.

Ако направиме наједноставна поделба водството има две крајности: авторитарно и демократско. 

Авторитарното водство е вид на „армиско“ водство, со јасни наредби кои најчесто доаѓаат од водачот и комуникацијата е еднострана. Од водачот кон следбениците со силен фокус на исполнување на задачите и отчетност.

Демократското водство пак значи дека пред донесувањето на одлуки следи широка комуникација меѓу водачот и своите следбеници. Водачот се консултира со нив при донесувањето на одлуки и обично се земаат многу повеќе критериуми кои се однесуваат на спроведливоста на одлуките.

Прашањето кое се наметнува е:
Што е подобро во време на криза?

Иако нема правила, нашето искуство вели дека ваквите времиња бараат авторитарно водство.

Кризните времиња бараат водач кој ќе биде одлучен и најмногу од се, немилосрден во спроведување на одлуките. Обично времето е еден од најголемите непријатели во вакви ситуации и затоа брзото донесување на одлуки е клучно.

Можеби ти го преферираш демократскиот стил на водство, но во овие кризни услови наша препорака е дека авторитарниот стил дава подобри резултати.

Ова не значи дека не треба да ги консултираш своите најблиски соработници, туку:

  • да го скратиш времето за одлучување (некогаш дури и на дневно ниво);
  • да донесуваш одлуки кои не се убави и пријатни, но ќе и помогнат на компанијата на долг рок (пример: привремено намалување ___% на плати или прекин на соработка со неплаќачи);
  • да настојуваш за максимално спроведување на одлуките (со казни за оние што нема да ги почитуваат).

 

Stay home, stay safe
Тимот на Детра

Posted on: 05.04.2020Ненад Дафинчевски