Блог

Развојниот аспект на човечките ресурси

Менаџментот со човечки ресурси (Human Resources Management) е дисциплина којашто релативно бавно се развива во Македонија низ годините. Во голем дел од македонските организации функцијата на човечки ресурси (поранешно кадрово) се поистоветува со вработување на луѓе, потпишување на договори за вработување, решенија за годишен одмор, решенија за боледување, административни документи потребни за кредит и сл.

Најголем акцент се става на административната функција на одделот за човечки ресурси. Точно е дека голем дел од овие активности се неопходни и пропишани со законски нормативи, но во сета таа преокупираност со администрација, луѓето вработени во одделот за човечки ресурси го забораваат поважниот, развоен аспект. Continue reading

Потреба и придобивки од соработката со консултанти

Суштината на консултантството е да му помогне да клиентот да добие информации и совети кои водат до реално и долготрајно решение на одреден проблем.

Консултантите размислуваат, анализираат, креираат нови идеи, предвидуваат и ги предизвикуваат организациите да станат подобри преку присвојување на нови идеи.

Одличните консултанти се способни да стапат во амбициозни, некогаш и опасни ситуации и да почувствуваат какви промени е потребно да се направат. Тие се водени од идеите и силната желба да имаат позитивно влијание на клиентите. Continue reading

Како самостојно да направиш компаниска дијагноза во неколку чекори

Промената е единствената константа денес.

Сигурно многу пати ја имаш слушнато/прочитано оваа фраза. Колку и да звучи клише, сепак би рекле дека е вистина, особено во денешниот свет каде промените се случуваат со голема брзина.

Постојат мал милион методологии за организациски промени и секоја е корисна на свој начин. Според нашата методологија еве кои се чекорите што треба да ги направиш за да осмислиш и спроведеш организациски промени: Continue reading

Кој е вистинскиот консултант за тебе и твојот бизнис?

Сигурно досега имаш ангажирано или пак имаш размислувано да ангажираш консултант што ќе ти помогне да го унапредиш бизнисот.

Гарантираме дека овие две прашања си ги имаш поставено пред да донесеш одлука:

1) дали ова е правиот човек за моите потреби? и

2) дали резултатите што ги ветува вредат за хонорарот што го бара?

Како консултантска компанија која била ангажирана многу пати од многу клиенти ќе се обидеме да ти дадеме одговор на двете прашања.

Continue reading

Водство во услови на криза

Нема потребна повторно да ја нагласуваме ситуацијата во која се наоѓаме сите. Јасно е како ден.

Она што периодов се наметнува можеби повеќе од се, во секоја компанија, е потребата од силно водство.

Ако направиме наједноставна поделба водството има две крајности: авторитарно и демократско. 

Continue reading

Компаниска стратегија (чекори и ресурси)

Компаниската стратегија е еден од клучните документи во секоја компанија, но не секоја компанија има своја стратегија за развој. Некои компании имаат, но само во главата на топ-менаџерот, а не како формален документ.

Во овој блог текст ќе ги опишеме 3те фази низ кои треба да поминеш за да направиш компаниска стратегија, а притоа ќе ги споделиме со тебе и неопходните ресурси кои ќе можеш да ги користиш.

 

ФАЗА 1

Анализа на надворешно окружување Continue reading

Едноставни правила за ефективен состанок

Состаноци, состаноци и… уште состаноци.

Дефинитивно состаноците се едни од најголемите потрошувачи на време. Размисли колку време неделно поминуваш на состаноци и на што покорисно би можел/а да го употребиш времето.

Не велиме дека се непотребни.

Напротив, состаноците се неопходни за координација со колегите и клиентите, но долгогодишното искуство не донесе до еден заклучок. Многу од компаниите не знаат како да изменаџираат состанок.

За подготовката и потребноста од состанок ќе зборуваме некој друг пат.

Овој пат сакаме да споделиме 4 правила кои ги користиме при состаноци и тимска работа, а се покажале како многу корисни.
Continue reading