Author: Ненад Дафинчевски

Развојниот аспект на човечките ресурси

Менаџментот со човечки ресурси (Human Resources Management) е дисциплина којашто релативно бавно се развива во Македонија низ годините. Во голем дел од македонските организации функцијата на човечки ресурси (поранешно кадрово) се поистоветува со вработување на луѓе, потпишување на договори за вработување, решенија за годишен одмор, решенија за боледување, административни документи потребни за кредит и сл.

Најголем акцент се става на административната функција на одделот за човечки ресурси. Точно е дека голем дел од овие активности се неопходни и пропишани со законски нормативи, но во сета таа преокупираност со администрација, луѓето вработени во одделот за човечки ресурси го забораваат поважниот, развоен аспект. Continue reading

Потреба и придобивки од соработката со консултанти

Суштината на консултантството е да му помогне да клиентот да добие информации и совети кои водат до реално и долготрајно решение на одреден проблем.

Консултантите размислуваат, анализираат, креираат нови идеи, предвидуваат и ги предизвикуваат организациите да станат подобри преку присвојување на нови идеи.

Одличните консултанти се способни да стапат во амбициозни, некогаш и опасни ситуации и да почувствуваат какви промени е потребно да се направат. Тие се водени од идеите и силната желба да имаат позитивно влијание на клиентите. Continue reading

Организациска дијагноза- ХОЛИГНОЗА

Целосната организациска дијагноза- Холигноза е консултантска алатка преку која се утврдува фазата од организациски развој во којшто се наоѓа организацијата. Секоја од фазите во организацискиот развој има свои сопствени карактеристики како и препорачани мерки за надминување на потешкотиите во работењето. Името на ова алатка, холигноза, доаѓа од холистичкиот пристап кој го применуваме каде организацијата се анализира како една целина. Continue reading

СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ (ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИИ)

Постоењето на стратегија е една од суштинските работи за успешен раст и развој на секоја организација. Ние секојдневно разработуваме стратегии без разлика дали сме на работното место или не. Правиме стратегија како да го поминеме годишниот одмор, како да го купиме автомобилот што ни се допаѓа, како да симнеме 5кг и многу други слични примери. Преку стратегијата се креира визијата за иднината каква што сакаме да биде и кои се неопходните чекори кои треба да ги направиме за да се оствари таа визија.  Continue reading

КОНСАЛТИНГ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Иако е општо познат факт и понекогаш звучи како клише изрека, вистината е дека вработените се највредниот ресурс на секоја организација. Луѓето ја прават разликата помеѓу организациите бидејќи речиси секоја организација може да дојде до исти објекти, алати, материјали и сл. Затоа, изборот на компетентни вработени соодветни за работната позиција е од суштинска важност за долгорочен успех на организацијата.  Continue reading

ОРГАНИЗАЦИСКО СТРУКТУИРАЊЕ

Организациското структуирање е значајна фаза во развојот на секоја организација. Со структуирањето се стандардизираат процесите, а стандардизираните процеси придонесуваат за зголемен квалитет, зголемена ефикасност, зголемена контрола како и јасна поделба на задачите и одговорностите на секој вработен.  Continue reading

Школа за консултанти

Консултантството е една од најдинамичните, најпредизвикувачките, а во исто време и професија којашто постојано се менува и надградува. ДЕТРА центар како една од првите консултантски компании во Македонија има акумулирано 27 годишно искуство со македонските компании и условите кои владеат во нашето стопанство. Работиме по холистички пристап, кадешто компанијата ја гледаме како целина и нашите активности кај клиентите допринесуваат за целосен организациски развој. Continue reading

Школа за надзорници

Надзорничката улога е една од најважните во секоја организација. Надзорникот е менаџер од прва линија одговорен за работата на директните извршители и со тоа најдиректно влијае на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Синоними за поимот надзорник се: шеф, супервизор, контролор, тим-лидер и сл. Continue reading

Обука за интерни консултанти

Секоја организација треба да се посвети на максимално искористување на интелектуалниот потенцијал на своите вработени. Еден од бенефитите на СКИТОП методологијата за нашите клиенти е што оспособуваме дел од нивните вработени за работа според нашата методологија како би можеле во иднина самостојно да одговорат на предизвиците при организацискиот развој. Continue reading

Обука на обучувачи (Training of trainers)

Интелектуалниот капитал на вработените е највредниот ресурс со кој располага една организација. Тоа знаење со тек на времето може да се изгуби со заминување на некои од клучните луѓе или пак едноставно несподелување на знаењето со колегите. Continue reading