Гордана Тасевска

Гордана Тасевска е доктор на науки по менаџмент на образование. Целиот свој професионален и кариерен развој го посветува во образовната дејност. Кариерата ја започнува како професор во основно училиште, за во 2007 година да стане дел од тимот на Бизнис акадмија Смилевски-БАС.Во БАС предава предмети од областите на комуникациски вештини, менаџмент на човечки ресурси, надзорнички менаџмент и деловно секретарство. Покрај ова, одреден период беше академски администратот на БАС, одговорна за квалитетот на наставата. За потребите на клиентите на ДЕТРА испорачува обуки за менторирање, обука на обучувачи, надзорништво, организациско комуницирање, тимови и тимска работа, личен менаџмент. Нејзиното работно искуство е збогатено со учество во многубројни проекти од странски донатори за развој на образованието во Македонија. Член е на здружението на просветни работници.

Posted on: 03.07.2018Ненад Дафинчевски